ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да си бараат ново раководство, изјави Николовски и прогласи победа – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 10:52 PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да си бараат ново раководство, изјави Николовски и прогласи победа

На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист, европски изборен ден, јасни се две рабори – победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро! ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата Можеме според податоците на Централниот изборен штаб во растечки тренд води со два мандата. Вака генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја почна вечерашната прес конференција, втора по ред по затворањето на гласачките места.

„Ја имам таа чест како шеф на Централниот изборен штаб да прогласам победа на мојот СДСМ и на оваа најголема коалиција.  После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарните избори со сигурно водство. Со изедначена битка во третата изборна единица и со водство во шестата изборна единица, со тоа што ги очекуваме дополнително резултатите што се обработуваат од оваа единица. Имаме убедлива победа со поддршка на граѓаните во Битола, Куманово, Центар, во мојата Крива Паланка, Ресен, Крушево, Дебар, Долнени, Лозово и многу други општини во сите изборни единици.Солидна предност имаме и во Прилеп и во Берово. Над 1000 гласа победа во Делчево, победа во Кочани и да не ги редиме сите останати општини каде граѓаните ја дадоа поддршката за овој европски концепт на коалицијата Можеме“, додаде Николовски.

„Очекуваме ваквиот тренд да продолжи да расте со обработката на сите изборни резултати“, нагласи тој.