Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски од денеска е во самоизолација. Тој ова го соопшти преку својот фејсбук профил.
Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.
Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Covid 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација.
Чувајте се и бидете здрави – се вели во неговата објава.