Генералниот секретар на најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека неговата партија победува насекаде во земјава и дека од засега обработени 20 отсто гласови, ДПМНЕ има предност од над 10.000.
-Граѓаните излегоа во огромен број да ја казнат власта. Најважно е дека народот масовно излезе на избори. Народот се определи и обновата е нивниот избор. Следува огромна победа на народот против власта и правдата против неправдата, изјави Јанушев.
Предноста на неговата партија во однос на владејачката СДСМ, остварена е во општина Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово, Кривогаштани, Охрид, Прилеп, сериозно водството е во Радовиш, Свети Николе, Бутел, Кисела Вода и Велес.
Јанушев ја обвини власта за низа нерегуларности, поткуп во време на предизборието, агитација, притисоци во администрацијата.