Екипата на Антонио Конте би можела да го продаде данскиот играч од средината на теренот, Кристијан Ериксен, доколку добие понуда од 60 милиони евра.
Ериксен премина во јануарскиот преоден рок во Интер за 20 милиони евра. Цената за трансферот изгледаше дека е премала со оглед на квалитетите на Данецот, но поради истекот на договорот Тотенхем мораше да го продаде и да исползува финансиска корист од него. Но, Ериксен тешко се снајде во Италија и во системот на италијанскиот стратег Конте и поради тоа можеби уште летово ќе ја промени средината.
Според италијанските медиуми, Конте никогаш вистински не бил фан на некогашниот игеач на Ајакс и нема да има никаков проблем доколку Ериксен си замине од Интер, под услов да пристигне задоволителна понуда од околу 60 милиони евра.


