Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократскиот процес, вели американската амбасадорка Брнз – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 7:42 PM

Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократскиот процес, вели американската амбасадорка Брнз

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, изрази задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешните предвремени парламентарни избори.

-Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите и ќе бидам таму заедно со нив, напиша на нејзиниот официјален Твитер профил, амбасадорката Брнз.

Амбасадата на САД ги набљудува изборите со 41 акредитиран набљудувач.