Во општините Дебар и Центар Жупа, кои се дел од петтата изборна единица, до 19:00 часот на вонредните парламентарни избори своето право на глас го искористиле 8.400 од вкупно запишаните 25.825 граѓани.
-Во општина Дебар, каде во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас до 19:00 часот ова право го оствариле 6.995 или 38 отсто. И понатаму изборниот процес минува без проблеми – вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.
И во општна Центар Жупа изборниот ден изминува во најдобар ред.
-Во единствениот избирачки список кај нас запишани се 7.061 граѓанин со право на глас. До 19:00 часот правото го искористиле 1.405 граѓани или 19,9 отсто – посочува Еран Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа.
Во изминатите два дена во Дебар правото на глас го искорстија 15 лица во самозолација или болни од ковид-19 и 28 болни и немоќни лица, додека во општина Центар Жупа четири болни и немоќни лица.