Самички ќе си славиме, корона е- Игор Џамбазов денес полни 57 години – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 5:17 PM

Самички ќе си славиме, корона е- Игор Џамбазов денес полни 57 години

Актерот и шоумен, Игор Џамбазов денес го слави 57 роденден. Во негов стил бројката ја поврза со некогашните југословенски цигари „57“ и сам си посака среќен роденден на Инстаграм, каде е најмногу активен. На прашањето како ќе го слави тој кусо рече:

„Никако, никако, нема славење. Корона е.  Самички ќе си бидеме“, кажа тој мислејќи на неговата поубава половина, алпинистката Илина Арсова, за која љубов вети дека сите ќе прочитаат во новата книга.

-Така мора да биде. Ништо од славење. А и срамота е веќе ова со родендениве.. За у геријатрија, додаде тој во негов стил.

Тој нема да прави журка, но на Инстаграм нему му направија сите негови блиски и фанови честитајки му роденден со најубави желби.