Србија со 351 новозаразени со коронавирус и 11 починати лица – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 3:49 PM

Србија со 351 новозаразени со коронавирус и 11 починати лица

Во изминатото деноноќие во Србија се регистрирани 351 нови случаи со коронавирус а починале 11 лица.

Поради растот на новозаболени Кризниот штаб во Србија денеска одлучи од петок да биде задолжително носењето маски на отворено на територијата на цела држава, а забранети се собири на повеќе од 10 лица во затворен простор или на отворено.

До сега во Србија се регистрирани 19.334 заболени со коронавирус, а 429 лица починале.