Полициски службеник од гостиварското село Тумчевиште откако навредувал соселанец и му се заканувал бил повикан на разговор во полициска станица, а потоа му е одземено и оружје. Внатрешната контрола на МВР ги истражува мотивите и причините за насилното однесување.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (14 јули) во 20 часот и 30 минути, Т.Ј.(78) од гостиварско Тумчевиште пријавил во полиција дека нешто попладнето неговиот соселанец З.Д.(53), инаку полициски службеник, повеќе пати го навредувал, му се заканувал. При обид насилно да влезе во куќата, полицаецот скршил масата во дворот.
По извршениот разговор со полицаецот З.Д. нему со потврда му се одземени ловечка пушка и пиштол. Во координација со Секторот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Зоран Маџоски


