Швеѓаните испиле сè што имало од пиво – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/18 8:04 AM

Швеѓаните испиле сè што имало од пиво

Светското првенство во Русија сè уште трае, но денеска добивме нови шампиони во пиење пиво, а тоа се Швеѓаните.

Тие ја прославија првата победа на отворањето на Мундијалот по 60 години и тоа против Јужна Кореја (1-0), а навивачите успеале да испијат буквално сè.

Сите залихи со пиво биле испиени и медиумите во Шведска известуваат за тој настан. Досега вакво нешто не се случило, но може да се замери и на Русите, кои очигледно не се подготвиле како што треба.

Повеќе од 7.000 шведски навивачи го следеле натпреварот, а 3.000 од нив во Кортое биле испратени до стадионот во текот на попладнето. Сепак, хаосот се создал откако им било кажано дека нема повеќе пиво.