Од вкупно 3.435 избирачки места до 15 часот гласале 576.576 граѓани односно излезноста е 31,78 отсто, соопшти на прес-конференција портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.
Излезноста по изборни единици е следна:
ИЕ 1- 34.5 отсто
ИЕ 2 – 29,96 отсто
ИЕ 3 – 37,24 отсто
ИЕ 4 – 35,56 отсто
ИЕ 5 – 31,51 отсто
ИЕ 6 – 22,85 отсто
Најголема излезност по општини во ИЕ 1 има во Кисела Вода – 36,77 отсто, Карпош 38,4 и Центар со 38,82 отсто.
Во ИЕ 2 најголема излезност има во општините Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто.
Во ИЕ 3 со најголема излезност е Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62 и Пробиштип со 44,32 отсто.
Во ИЕ 4 предничи Гевгелија со 44,01 отсто, потоа следи Демир Капија со 42,52 отсто и Неготино со 41,5 отсто.
Во ИЕ 5 Вевчани е со најголема излезност од 49,22 отсто, по неа следува Крушево со 47,02 и Дебарца со 36,07 отсто.
Во ИЕ 6 најголема излезност има во Гостивар со 23,65 отсто, Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25, 21 отсто.