Група на британски модни инфлуенсери го основа првиот синдикат, како одговор на различните лоши практики, како дискриминација на различни нивоа и нееднаквост во плаќањето, но и потребата да се „ објавуваат содржини со почит“ .
Покрај цената, новиот синдикат на инфлуенсери ” The Creator Union” во Велика Британија, ќе ги регулира и формира договорите, различните мерки на осигурувања, кои содржини ќе се објавуваат, и ќе се заложи за намалување на бројните други дискриминаторски практики.
Сличен чекор направија и америчките колеги, кои основаа совет на инфлуенсери ( Infuencer Council ), кој всушност не е синдикат, туку непрофитна трговска организација која што во јуни ја покрена Кијана Смит Брунето заедно со 12 колеги, пишува Bankar.mk