Судот на Европската унија ја поништи одлуката на ЕК од 2016 , по која американскиот технолошки гигант Apple мораше да врати 13 милијарди евра на Ирска.
„ Темелно ќе ја проучиме пресудата и ќе размислиме за следните чекори. Комисијата во потполност ја поддржува целта дека сите компании треба да плаќаат праведен дел данок “ , соопшти извршната потпретседателка на комисијата Маргарет Вестагер.
„ Ако некоја земја членка дозволни даночно ослободување на некоја мултинационална компанија која не е достапна на нејзините конкуренти, тоа штети на лојалната конкуренција во ЕУ. Исто така ја лишува јавната ризница и граѓанските средства за дополнително потребните вложувања кои се уште поголеми во кризни времиња “ , истакна Вестагер.
ЕК на 30-ти август 2016, донесе одлука дека Apple мора да врати 13 милијарди евра на Ирска, поради даночните ослободувања кои им ги овозможи Ирска, но судот смета дека ЕК не успеа да докаже дека Apple имаше селективна економска предност овозможена од државата Ирска.
Пресудата е голем удар за Вестагерџ која беше и во предходната и сегашната ЕК задолжена за пазарна конкуренција. Поради изрекувањето на парични казни за повеќе мултинационални компании постигна огромна популарност.
Извор : hr.n1info.com