Во Штип отворени се сите избирачки места во 7 часот, информираат од Општинската изборна комисија. Право на глас во Општина Штип имаат 39 564 граѓани, а се гласа на 77 избирачки места.
Сенка Андреева претседател на ОИК Штип вели дека се гласа според здравствените протоколи на сите избирачки места. Членовите на избирачките одбори имаат маски, ракавици и дезинфециони средства, кои мора да ги менуваат според здарвствените протоколи.
Вчера гласаа болните и неможни лица, а завчера болните од Ковид-19 и оние кои се во изолација. Во штипскиот затвор од 193 гласачи своето право на глас го искористиле над 80 отсто од осудениците.
На гласачките места во централното градско подрачје е раздвижено, а излезност на некои од нив веќе достигнува и над 12 % до 8.30 часот.
МИА