Театарската претстава „Нови мерки, старо другарство” синоќа на беше изведена во градскиот парк „Љупчо Шкартов” во Кавадарци, а беше наменета за деца и млади од 5 до 16 години.
Ова беше всушност прв настан на Културно социјалниот простор Подиум – Јадро Кавадарци.
– Задоволни сме што се помина во најдобар ред, со едукација и интеракција со најмладите за тоа во каква ситуација моментално се наоѓа целиот свет и нашето другарување. Актерите и децата набројуваа и смислуваа нови игри на дружење поради оваа пандемија. На присутни поединци во публиката кои немаа заштитни маски, им беа поделени од страна на организаторите. Актерите со своите улоги им порачаа на најмладите да не се откажат од другарувањето, бидејќи тоа е најважно, да се расте заедно, да се другарува и да се чуваме едни со други, а исто така да го чуваме нашето здравје и здравјето на нашата фамилија, браќа,сестри,баби, рече уметницата Симона Манчева, како претставник на организаторот.
КСП Подиум – Јадро од Кавадарци е формиран во декември 2019 година. Манчева појасни дека тоа е хибридна установа од областа на културата, основана преку јавно-цивилно партнерство.


