МОСТ : Избирачките места се отворени и гласањето се одвива согласно здраствените протоколи – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/20 8:22 AM

МОСТ : Избирачките места се отворени и гласањето се одвива согласно здраствените протоколи

Според информациите од 900 набљудувачи со колку МОСТ ги следи овие парламентарни избори, како  и регионалните координатори, сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање. Гласањето се одвива безбедно, согласно здраствените протоколи.

– Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, велат од МОСТ.

„Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2020“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори“ ,стои во соопштението од граѓанската асоцијација