Жената е секси со скрстени нозе, но тоа и причинува здравствени проблеми – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:16 PM

Жената е секси со скрстени нозе, но тоа и причинува здравствени проблеми

Сите ние имаме секакви лоши навики, а за повеќето од нив или не ги претпоставуваме или дури не ги чувствуваме. Ова се, на пример, стискањето на мозолчињата или пиеме кафе ноќе или. Многу често дури и не се сомневаме и не чувствуваме дека нашите постапки можат да имаат кошмарни резултати на нашето здравје и организам. Тие не се секогаш добри за нашето тело и состојба.

Постои поза во која жените често стојат. Дали знаете дека  вкрстувањето на нозете, освен тоа што изгледа елегантно и секси, е многу штетно.  Повеќето од нас така седат во канцеларијата пред компјутер, пијат кафе со пријателките, па дури и во јавниот превоз. Сепак, последиците можат да бидат сериозни.

Дозволено е да ги вкрстувате нозете од време на време, но седењето во оваа позиција неколку часа не се препорачува. Постојат 4 причини зошто треба да заборавите на оваа навика пред да биде предоцна. Еве ги фаталните последици по вашето здравје од наводно невино вкрстување на нозете.

Крвниот притисок се зголемува

Така е, според студиите, врската помеѓу вашата омилена седечка положба и високиот крвен притисок е многу голема и силна. Научниците веруваат дека оваа навика навистина го зголемува крвниот притисок. Според експертите, ваквото држење го зголемува систолниот крвен притисок за 7% и дистолниот крвен притисок за 2%. Таквиот скок не е опасен за младите луѓе, но за постарите лица и оние кои имаат проблем со висок крвен притисок, тоа може да биде штетно.

Болки во грбот и вратот

Физиотерапевтите веруваат дека болката во грбот и вратот се должи на долго или често седење со вкрстени нозе.

„Постојаното седење на оваа позиција е една од главните причини за болки во грбот и вратот, како и за дискус хернија“, велат тие.

Лекарите тврдат дека ова создава непријатен притисок врз ‘рбетот.

Позата предизвикува проширени вени

Според Министерството за здравство на САД, скоро половина од популацијата на континентот страда од проширени вени (55% од жените и 45% од мажите). Дали постои врска помеѓу оваа болест и седењето со скрстени нозе? Некои експерти веруваат дека да и ова има огромно влијание врз проширени вени.

“Вкрстувањето на нозете го зголемува притисокот во вените, што е одговорно за враќање на крвта назад кон срцето. Притискањето на едната нога врз другата го спречува нормалниот проток на крв. Ако вените се оштетени или ослабени, крвта може да се собере таму и да предизвика проширени вени. “, вели кардиолог.

Може да го оштетите вашиот перонеален нерв

 

Ишијалниот нерв е еден од најголемите во човечкото тело. Се протега од ‘рбетниот мозок до нозете. Перонеалниот нерв е дел од ишијалниот нерв. Секој притисок, дури и од вкрстување на нозете, предизвикува пецкање. Со текот на времето, оваа навика да седите во таква позиција може да го оштети нервот.

Извор: јената.блитз.бг