Пет најголеми убијци на страста во врските – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 9:36 PM

Пет најголеми убијци на страста во врските

Американскиот сексолог, Денис Новелс ги систематизирал и анализирал петте најголеми грешки што ги прават луѓето во љубовните врски. Новелс, кој е советник за парови, направил листа на грешките кои водат кон сексуално незадоволство, односно ја убиваат страста.

Поттиснување на тагата

Новелс смета дека во љубовниот однос треба да се разговара отворено и искрено за проблемите.

„Во односот помеѓу двајца луѓе, никогаш не треба да се крие или поттиснува тагата. Конструктивната дискусија е еден од темелите на успешните врски. Доколку ги избегнувате отворените вербални расправи можете да станете огорчени, а тоа порано или подоцна ќе ја убие страста во врската“, нагласува Новелс.

Зборови кои болат

Аргументираната расправа е едно,  а навредувањето на партнерот или партнерката е сосема друго.

„Без оглед на тоа дали и колку вашата сакана личност ве налутила, никогаш не кажувајте и’ работи кои би можеле длабоко да ја повредат. Личните проблеми не треба да ги искористите како оружје против неа. Така не само што ќе ја изгубите довербата, туку може да ја убиете и љубовта“, советува сексологот.

Опуштање

Не земајте го својот партнер „здраво за готово“. Постојано борете се за вниманието и љубовта на партнерот, бидејќи на тој начин ќе покажете почит кон односот што го негувате. Освен тоа, потребно е да работите на себе затоа што ако премнгу се опуштите и престанете да се грижите не само за себе, туку и за партнерот, можно е да ја убиете страста во врската.

Недостиг на доверба

„Ако сте љубоморни по природа и не можете да си помогнете, обидете се тоа да го прикриете барем малку и да ги ублажите љубоморните напади. Немањето разбирање може да ја уништи секоја врска. Постојаните обвинувања и барањето причина за кавга, наскоро би можеле да го изгаснат пламенот на страста“, истакнува Новелс.

Непривлечни навики

Не однесувајте се како да живеете сами, бидејќи животот со партнер е нешто сосема друго. Цивилизираните животни навики се исто така начин на кој можете да покажете почит. Грицкањето нокти, оставањето чорапи насекаде низ домот се само некои од одбивните навики кои би можеле да го „полудат“ вашиот партнер. Иако таквите работи за вас се можеби ситници, тие се некои од најголемите убијци на страста. Променете ги додека се уште имате време – додава Новелс.

 

Извор: femina.hr