Психологија на боите во маркетингот: Какво е нивното значење во деловниот свет? – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 9:10 PM

Психологија на боите во маркетингот: Какво е нивното значење во деловниот свет?

При купувањето одреден производ, 93% проценти од луѓето го темелат својот избор на визуелната перцепција. Различните бои имаат различно влијание на потрошувачите – црвената го зголемув апетитот, сината нуди чувство на сигурност, зелената се поврзува со хармонијата, портокаловата го претставува ентузијазмот, а виолетовата елеганцијата.

Боите во маркетингот имаат емоционално влијание при промовирањето одреден производ или услуга. Маркетингот толку напредуваше со текот на времето што веќе не се важни само боите туку и нијансите кои се користат во кампањите. Поради тоа, психологијата на боите е многу важна на пазарот. Лошиот избор на бои може негативно да влијае на маркетингот. Пораката што сака да ја прати една компанија за одреден производ или услуга, може да биде погрешно сфатена, а главната поента занемарена.

Сѐ што треба да знаете за боите

Црвената, жолтата и сината се сметаат за примарни бои, затоа што со нив се создаваат секундарните. Во нив спаѓаат виолетовата (црвена + сина), зелената (сина + жолта) и портокаловата (црвена + жолта). Исто така постојат и терцијарни бои.

Сите овие бои се чисти, односно интензивни и весели, но доколку се помешаат со бела или црна се добиваат нијанси.

Набљудувајќи го спектарот на бои, можете да воочите топли и ладни бои. Ладните бои како сината и зелената се наоѓаат на една страна од спектарот, додека топлите како што се жолтата и црвената, се наоѓаат на другата страна. Една од најважните работи што треба да ги знаете кога рекламирате или промовирате одреден производ, е дека мозокот претпочита едноставност и попрво ги воочува едноставните податоци, отколку комплицираните. Тоа значи дека за да се разбере успешно содржината на една маркетиншка кампања не треба да користите премногу бои, бидејќи тоа може да ја збуни целната публика. Секоја боја има свое значење, така што може или да ја упропасти или пак да ја направи пораката поуспешна.

Влијанието на боите врз луѓето

Секоја боја создава одреден впечаток кај луѓето. Спротивните бои создаваат таканаречена визуелна напнатост, бидејќи во спектарот на бои се една спроти друга. Ваквите комбинации најчесто се користат во спортската област, бидејќи со нив е најлесно нештото да биде истакнато.  Бојата е исклучително важна алатка во маркетингот бидејќи влијае на начинот на размислување и однесување кај купувачите. Бојата го насочува окото помагајќи му на купувачот да одлучи што е важно за него, а што не е.

Можеби ни самите не сте свесни за комплексноста на психологијата на боите. Доколку се занимавате со маркетинг треба да знаете која е вашата целна публика, односно кому сакате да му се обратите и кој би требало да ја забележи вашата работа. Затоа е важно самите да го проучите она што го претставувате, независно дали се работи за производ, услуга или содржина.

Луѓето прават проценка во првите 90 секунди, а дури 85 % од потрошувачите, својата одлука за купување, ја темелат на бојата. Токму оваа карактеристика на она што го продавате, им помага на луѓето да го препознаат вашиот бренд. Ако не можете да донесете конечна одлука, тестирајте ги и проверете која верзија е најдобро прифатена, односно на која боја најдобро реагираат потрошувачите.

Значењето на боите

Психолошкото влијание на боите сѐ уште е умерено субјективно. Не реагираат сите луѓе на ист начин на боите, меѓутоа постојат неколку генерализации за тоа како луѓето реагираат на одредена боја според она што таа го претставува.

Црвена – моќна, динамична боја која претставува љубов, но и страв. Исто така, црвената се смета за енергична боја го прикажува пријателството, но зависно од контекстот може да значи и агресивност.

Портокалова – Оваа боја создава удобност и топлина, го поттикнува апетитот, создава мотивација и ентузијазам.

Жолта – Оваа боја е олицетворение на радоста, среќата, ведрината и оптимизмот, поради што има најсилно психолошко влијание. Освен тоа, е и боја која најлесно се воочува. Го подобрува расположението и нуди инспирација.

Зелена – Боја која создава баланс меѓу логичното и емоционалното. Таа се поврзува со здравјето и ослободувањето од стресот, така што има попозитивно влијание од останате бои.

Сина – Се смета за боја на довербата и поврзаноста. Делува смирувачки и се смета за една од омилените бои во светот.

Виолетова – Оваа боја ја користи силата на црвената со стабилноста на сината боја. Се користи за прикажување на луксуз, посветеност, храброст и мистериозност, а често се поврзува и со креативноста.

Розова – Таа е помалку интензивна верзија на црвената боја која создава чувство на емпатија. Таа претставува знак на надеж и делува смирувачки.

Кафеава – Боја која се поврзува со сигурноста и заштитата, контролата и независноста. Сепак, таа треба умерено да се користи бидејќи понекогаш може да претставува тага и депресија.

 

Извор: krenizdravo.hr