ВИДЕО: Прва тепачка на хулиганите на Мундијалот – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/18 7:17 AM

ВИДЕО: Прва тепачка на хулиганите на Мундијалот

Многумина мислеа дека на Мундијалот нема да видат хулигански испади во Русија, како оние што ги правеа руските хулигани на последното големо фудбалско натпреварување, односно на Европското првенство во Франција во 2016 година.

Мирна беше атмосферата помеѓу стотина илјади навивачи, без никакви инциденти во Москва, а и во сите останати градови, се до моментот кога во Русија стигнаа навивачите на Полска.

Големо нетрпение владее помеѓу Русите и Полјаците, кои низ историјата имаат жестоки пресметки, а тоа се виде и кога во Москва се појави група Полски навивачи.

Група од околу 30 полски навивачи шеташе низ улиците на Москва, кога ги нападнаа хулиганите на Динамо Москва, пренесува „Telegraf.rs“.

Русите беа побројни и надмоќни, околу 70, ги претепаа полјаците и ги натераа да бегаат. Сето ова можете да го погледнете на видеото.

https://youtu.be/xR4aNgjoNfI