Американскиот бек-шутер и убедливо најдобриот кошаркар на Црвена Ѕвезда изминатата сезона, Лоренцо Браун, се пресели во редовите на турскиот Фенербахче. Браун со тимот кој ќе го води Игор Кокошков, потпиша едногодишен договор и можно е да биде замена за грчкиот кошаркар, Костас Слукас, кој најверојатно ќе ја промени средината и ќе замине во шпанска Барселона.
Иако по заминувањата на Џиџи Датоме, Жофри Ловерњ и секако, Жељко Обрадовиќ, се чинее дека Фенербахче нема да биде конкурентен, последните аквизиции на тимот и доведувањето на Игор Кокошков на кормилото, директно од НБА лигата, сепак турскиот великан ќе цели повторно на фајнал-фор во Евролигата и освојување на турското првенство.