Откако вчера „магично“ екипата на Сити ја избегна казната на УЕФА за две сезони бан во Лигата на шампионите, управата на Манчестер Сити експресно му обезбеди буџет од 150 милиони фунти на својот тренер, наменет за засилувања во летниот трансфер период, пренесува англиски „Гардијан“.
Учеството на Сити во најелитното клупско светско натпреварување, повторно ќе привлече звучни имиња на „Етихад“ и ќе го направи тимот на Пеп Гвардиола конкурентен и компетитивен на четири фронта.
Позициите кон кои цели шпанскиот стратег се централен и лев бек, нов напаѓач и десен бек, доколку Кансело го напушти Манчестер.
Давид Алаба, Калиду Кулибали и Макс Аронс, се дел од имињата кои се споменуваат во тој контекст.


