Чулев информира за инволвираност на високи функционери во случаи на изборен поткуп – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 3:36 PM

Чулев информира за инволвираност на високи функционери во случаи на изборен поткуп

Жител на Општина Василево пријавил во полиција дека му било вршено притисок од висок функционер да ја повлече пријавата, во која укажува на обид за изборен поткуп. Полицијата постапила по снимка објавена на Јутуб, при што според министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, направен е обид да се повикаат високи функционери на разговор во полицијата, меѓутоа, не биле најдени.

Чулев на денешната прес конференција изјави дека потоа пријавувачот направил усше една снимка, во која функционерите, како што рече, вршат притисок да каже во полиција дека се’ било само шега.

МВР овој случај, како што најави Чулев ќе го документира и предаде во Обвинителството. Полицијата постапува по случаи на изборен поткуп во Штип, Свети Николе, Куманово, Дебар и Шуто Оризари.