Кога Охридското езеро станува инспирација за македонската изворна песна, преку синтеза помеѓу мирната езерска шир и славејското грло на Зарина Првасевда, и за момент носталгично ќе ве врати во едно време, старо време.
По нејзината последна песна „Мори моме Солуненке“ отсвирена и отпеана во студио, Зарина постојано не изненадува со изворни македонски песни споделени на нејзиниот Фејсбук профил.
Еве како звучи „Бог да бие Русе твојта мајка“:
Зарина Првасевда на самото видео напиша:
„Oд Џоџета кајчево е баш инспирација на денов…. ( Песнава не е во полн текст..имат уште убајна, ама Џоџе ќе кинисуваше, мораше да кратам..)“.