Интересни факти за мустаќите на мачките – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 2:38 PM

Интересни факти за мустаќите на мачките

Мустаќите на мачките се нивен најдобар алат кога е прашање за чувствителноста, комуникацијата и координацијата, и всушност што се симпатични, тие се многу корисни. Важно е да се знаат неколку факти за домашните миленици.

Коренот на мустаќите е во однос на останатите влакна на нивното тело, сместен е длабоко во кожата и делот околку брковите е права ризница на нервните завршетоци, односно тој дел од главата им е изразено чувствителен.

Мачките можат, благодарение на мустаќите да почувствуваат дури и минимална промена на правецот на ветерот. Поради тоа не би требало да им се допира делот околу мустаќите поради нивната чувствителност од тој дел на главата бидејќи може да им предизвикате болка.

Мачките имаат од осум до 12 бркови на двете страни, но имаат и кратки над очите, на брадата како и на страничниот дел на предните нозе.

Мачките се далековидни, па им е тешко да го видат она што се наоѓа пред нив. Тука им помагаат мустаќите. Кога ловат, всушност мустаќите им даваат на мачките информација кога е време за напад.

Никогаш не би смееле да им ги кратите мустаќите на мачките. Ако го направите тоа, вашата мачка ќе биде дезионрентирана и збунета затоа што мустаќите веќе нема да ја имаат навигациската улога на која навикнала.

Положбата на мустаќите на вашата мачка многу зборува за нејзиното расположение. Ако се опуштени и ноншалантно паѓаат од двете страни на лицето, тоа значи дека мачката е мирна и релаксирана. Ако, пак се насочени кон напред, тоа значи дека е возбудена и вознемирена, а доколку паѓаат низ брадата, тогаш вашата мачка е лута или тажна.

 

Index. hr