Зголемен раст на синдромот „скршено срце“ за време на пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 2:34 PM

Зголемен раст на синдромот „скршено срце“ за време на пандемијата

Синдромот на „скршено срце“ е синдром со многу романтичен назив, е всушност многу сериозна работа.

Откако е прогласена пандемија на Ковид 19, нивото на психолошка, социјална и економска анксиозност кај луѓето ширум светот драстично се зголеми, а се покажало дека дополнителниот стрес влијаел на здравјето на срцето.

Според новото истражување, ризик од појава на стресна кардиомиопатија познато и како синдром на „скршено срце“ се зголеми посебно кај пациентите кои имаат проблем со актуен коронарен синдром.

„Пандемијата на Ковид 19 довела до повеќе кратен стрес во животот на луѓето ширум светот. Луѓето не се грижат само за себе или да не им се разболи семејството, туку се занимаваат и со проблеми предизвикани од економски, социјален  аспект како и потенцијална осаменост која следи со излоацијата“, објаснува кардиологот Анкур Калра.

Стресот може да има и физички ефект и ќе остави последица на нашето тело и срце, тоа докажува зголемен број на пациенти со дијагноза на кардиомиопатија во последните неколку месеци.

Истражувањата покажале раст на бројот на случаи дијагностицирани како стресна кардиомиопатија во текот на повеќе стресни денови на пандемијата, а притоа треба да се напоменеме дека сите пациенти од истражувањето во текот на пандемијата Ковид 19 биле тестирани како негативни на оваа болест.

Симптомите на синдромот „скршено срце“

Пацинетите кои имаат синдром на „скршенос срце“ многу често ги имаат следните симптоми: акутна болка во градите, јасни знаци на срцев удар, електрокардиограм со карактеристични промени и отпуштање  на ензимот поврзан со вообичаени срцеви заболувања.

Преземено од: https://www.lepotaizdravlje.rs/