Кој припаѓа на групата „тивки преносители“, ја шират короната на поинаков начин – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 2:12 PM

Кој припаѓа на групата „тивки преносители“, ја шират короната на поинаков начин

Иако никој не сака да се смета себеси за „супер преносител“ на болеста „Ковид-19“, една нова студија ја поддржа идејата дека „асимптоматските случаи“ може да бидат одговорни за половина од новозаразените пациенти во САД.  Терминот „тивок преносител“ значи дека вирусот се пренесува преку асимптоматски или пред-симптоматски лица, а овие случаи се главните двигатели на ширењето на „Ковид-19“, според студијата објавена во понеделникот во Зборникот на Националната академија на науките.

Алисон Галвани, директор на Универзитетскиот центар „Јеил“ со неговите колеги за анализа на заразни болести користеле модели на пренесување на коронавирус за да се утврди до која мерка  „тивкиот преносител“ придонесува за ширење на „Ковид-19“.  Студијата се засновале на постојни истражувања кои покажуваат дека асимптоматските инфекции претставуваат со 17,9 до 30,8 проценти од сите инфекции. Според овие претпоставки, тимот открил дека пред-симптоматските случаи може да учествуваат од 47 до 48 проценти од преносите, а асимптоматските случаи од 3,4 до 6,6 проценти.

За „Ковид-19“ се смета дека е најзаразен во текот на пред-симптоматската фаза, што е невообичаено за респираторни инфекции. Тимот открил дека дури и моменталната изолација на сите симптоматски случаи нема да биде доволна за да се држи ширењето под контрола.

За да се спречи понатамошното ширење, студијата покажа дека е неопходно да се идентификуваат и изолираат повеќе од една третина од „тивките преносители“.

Истражувачите ја истакнаа потребата за тестирање и следење на контактите.

Извор: hr.n1info.com