Продажба на државни автомобили: 76,5 евра за „Југо“ од 1988 година – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 2:00 PM

Продажба на државни автомобили: 76,5 евра за „Југо“ од 1988 година

Републичката управа за имот во Србија објавила оглас за продажба на 140 автомобили во сопственост на Република Србија со собирање на писмени понуди, а најниската почетна цена е помала и од 100 евра.

Огласот е објавен во Српски Телеграф, а може да се види и на интерент страната на Републичката управа за имот.

По почетна цена од 76,5 евра се нуди „Југо“ од 1988 година, а за 86 евра „рено“ од 1978 година.

Помеѓу најскапите патнички возила се „Рено 4 GTL“ од 1991 година, со почетна цена од 3.095 евра „acura legend“ од 1992 година, со почетна цена од 2.554 евра и „mercedes“ од 1990 година, со почетна цена од 1.781 евра.

Државата продава и теретни возила, а почетната цена е од 111 евра за „zastava 101 poly“ do 7.658 евра, колкава е почетната цена за „man 18363“ од 2001 година.

На продажба се и автомобили, чија почетна цена е 1.500 евра.

Конечната купопродажна цена ќе биде утврдена откако ќе биде спроведена постапка од собраните писмени понуди, а рокот за поднесување на понудите е 27 ми јули.

Право на учество на огласот имаат сите правни и физички лица кои исполнуваат услови на огласот и ќе уплатат депозити од 5.000 динари.

Преземено од: http://rs.n1info.com/