Филмот е инспириран од реални луѓе и случки, а снимен е во текот на изминатите 12 месеци во Загреб, Ријека, Карловци и по улиците на Париз и Москва.
Во Загреб, после година дена снимање во среда ќе се случи и последниот дел од долгометражниот игран филм насловен „4: 2“ кој ја обработува темата од финалето на светското првенство во фудбал во Русија помеѓу Франција и Хрватска и настаните околу него.
Снимањето е започнато на првата годишнина на најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал и спортот, а ќе биде завршено баш на втората годишнина.
Жанровски, филмот е некоја необична комбинација од драматична спортска приказна и интимна “road trip” драма за случувањата во сенка на финалниот натпревар на мундијалот. Филмот во реално време на преносот на натпреварот го следи неодложното патување на двајца луѓе точно во време кога цел свет беше пред ТВ приемниците.
Специфично за филмот е дека ќе биде прв хрватски и регионални филм реализиран во две верзии- меѓународен и хрватски/ регионален со различен драмски развој и крај, односно ќе се работи всушност за два филма во исто дејствие. Филмот ќе има интернационален фестивалски живот, а моментално е во преговори за копродукција и дистрибуција за Француско, Шпанско и Англиско говорно подрачје.
Сценариото и режијата го потпишува Анѓело Јуркас, на кого ова ќе му биде шести долгометражен игран филм, а главната улога ја толкува Бојана Грегориќ Вејзовиќ и Иво Крешиќ, спортски ТВ спикер Драго Ќошиќ и Хрватската фудбалска репрезентација. Во споредните улоги се појавуваат легендите на хрватскиот и поранешниот југословенски филм Игор Гало, Рада Мркшиќ, Катарина Никшиќ и Дина Војновиќ.
Izvor: Dnevnik.ba


