Чулев: По Галетаноски во полиција ќе бидат повикани и други луѓе за ширење недолична содржина – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 1:38 PM

Чулев: По Галетаноски во полиција ќе бидат повикани и други луѓе за ширење недолична содржина

Споделениот пост од неколку луѓе на социјалните мрежи, пред се’ Фесбук и Твитер преку кој се повикува на прецртување на зборот Северна од гласачкото ливче, предизвика реакција на МВР. Вчера на информативен разговор беше повикан Ѓорги Галетаноски, директор на Зоолошката градина од Скопје, а според најавата на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе бидат повикани и дргуи луѓе.

-Има сомение за вршење на делото од членот 160 „Повреда на слобода на определување на избирачите“, меѓутоа, конечната квалификација на делото ќе биде утврдена по координацијата со Основното јавно обвинителство – Скопје, изјави Чулев и најави дека во врска со овој случај ќе бидат поканети и други лица.

Галетаноски изјави дека го пренел постот, кој го сметал за шега, додека во текот на информативниот разговор, полицијата била коректна со него.