Забава за прва менструација, нов тренд на мајките за своите ќерки – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 1:39 PM

Забава за прва менструација, нов тренд на мајките за своите ќерки

Бизарен тренд помеѓу мајките, прават прослава за првиот менструален цуклус за нивните ќерки. Овој тренд започнал пред три години во САД со наслов „period party“ и неодамна пристигна во Србија, прво во Нови Сад.

„Дали правите забава за вашата ќерка по повод првата менструација т.н „period party“?“

Не знам што да подарам, освен голема количина влошки, запрашала една жена во една група на социјалната мрежа Фејсбук, која брои голем број на членови.

За оние кои не се упатени на ваквите забави има торти во вид на тампон, матка, влошка и сладолед украсен со сируп од јагода кој алудира на крв.

Магазинот „Irish Mirror“ наведува дека за прв пат ваква бизарна забава е забележана во 2017 година кога 20 годишната Брук Ли споделила детали од „period party“ на социјалните мрежи .

По појавата во Америка, мајките ширум Велика Британија покренаа свој тренд кој има за цел на младите девојки да им покаже дека таа промена која ја доживуваат не е страшна.

Многу девојчиња се исплашени и загрижени, а некои чувсвтуваат и срам поради менструација, па мајките дошле до идеја како оваа состојба да им ја направат забавна и помалку страшна, истакнуваат организаторите токму на ваквите ќерки.

„Мислам дека ова е уште фора која во Србија пристигна од Западот, а ние се однесуваме како по онаа поговорка жабата видела дека коњот се потковува па поскала и таа“, вели една мајка чија ќерка од септември нејзината ќерка ќе биде средношколка и која до сега не слушнала за ваква журка.