Во тетовско гласаа болните и изнемоштени лица – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 1:16 PM

Во тетовско гласаа болните и изнемоштени лица

Гласаа болните и изнемоштени лица. Изборниот процес започна утрово во 7 часот. Своето право на глас го остварија и затворениците во Казнено поправната –  установа во Тетово .


Со почитување на сите здравствени протоколи Стојна Апостолска од Тетово го оствари своето право на глас на вториот ден од вонредните парламентарни избори, кога гласаат болните и изнемоштени лица. Искажа благодарност за процесот односно грижата за ранливите категории граѓани кои можат да гласаат во домашни услови.

Во рамки на Општина Тетово своето право на глас можат да го остварат 81 болно и изнемоштено лице. Денеска гласаат и затворениците во Казнено поправната установа во Тетово .

Во Боговиње гласаат 23 во  Теарце 29 во  Брвеница 18 , еден во Желино 1, а во Јегуновце своето право на глас имаат можност да го остварат 41 болно и изнемоштено лице.

Зоран Димовски