Во светиниколска „Мода“ засега 34 позитивни на Ковид 19 – се чекаат резултати за уште 410 вработени – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 12:31 PM

Во светиниколска „Мода“ засега 34 позитивни на Ковид 19 – се чекаат резултати за уште 410 вработени

До четврток се очекуваат резултатите од тестирањето на сите вработени од текстилната компанија „Мода“ од Свети Николе. Од до сега пристигнатите резултати, позитивни се 34 работници. Погоните се целосно затворени, дезинфицирани и од понеделник се очекува рестартирање на производството, со оние вработени, кои ќе имаат негативни тестови.

Ова ни го потврди менаџерот Ангел Димитров, кој најавува работа во една смена.

-Ќе мора да се навикнеме да живееме и работиме во услови на Ковид. Тоа значи дека ќе мора да ги адаптираме работата и  производството на условите што ќе ги диктира вирусот, изјави Димитров.

Во „Мода“ во моментов во привремен застој е шиењето на кошули за германската полиција. Димитров вели дека не само во светиниколската компанија, туку и во многу други, ќе има работа до септември – октомври, според налозите што ги добиваат од партнерите. Опаѓањето е очекувано, со оглед на фактот дека во продажбата во Германија е намалена за 70%.