Во Нигерија ослободени 600 припадници на Боко Харам – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:58 AM

Во Нигерија ослободени 600 припадници на Боко Харам

Околу 600 припадници на Боко Харам беа ослободени во Нигерија, откако изразија жалење за своето членување во терористичката организација и завршија програма за рехабилитација и реинтеграција, јавува aгенцијаta Анадолија.

Бамиделе Шафа, портпарол на нигериската воена операција „Безбеден коридор“, изјави дека припадниците на терористичката организација, кои биле фатени во нигериските држави Борно, Адамава и Јобе, положиле заклетва за верност на Република Нигерија.

Шафа нагласи дека ослободените нема повторно да се приклучат кон Боко Харам и дека претходно биле ослободени 1.400 други борци на Боко Харам, кои отстапиле од членството во организацијата.

Тој рече дека во центарот за рехабилитација има уште 280 терористи.

Во терористичките напади на Боко Харам загинаа над 30.000 луѓе, а принудија на раселување околу 3 милиони од јули 2009 година, кога започнаа насилствата во североисточните нигериски држави Борно, Адамава и Јобе, област со големина на Белгија.