Бред Пит ќе стане колега на Атиџе – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:18 AM

Бред Пит ќе стане колега на Атиџе

Актерот Бред Пит е еден од најпочитуваните во неговата бранша и со неговите славни улоги е испишан во историјата на холивудскиот филм. Сепак, тој изгледа дека решил да сврти нов лист и да започне да прави ни помалку ни повеќе, туку да се занимава со пчеларството, пренесува таблоидот, “National Enquirer”. Него со овој бизнис го запозна неговиот пријател и колега Леонардо Ди Каприо.

– Потполно полуде поради тоа, тој дури и изгради огромни кошници за пчелите во градината на неговиот дом во Лос Анџелес – откри изворот и додаде дека Бред Пит е презаситен со глума, што со години го прави, но и папараци и рефлектори.

– Тој тврди дека глумата е за некои помлади генерации. Сега му треба нешто посмирено и останува само прашање на време кога тој ќе му каже „збогум“ на Холивуд и да се посвети на своето омилено хоби, пчеларство – октри неименуван извор близок до актерот за споменатото списание.

Извор: alo.rs