Иконите ќе се покриваат со завеса или ласер-Како ќе изгледа првата петочна молитва во Аја Софија – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 10:03 AM

Иконите ќе се покриваат со завеса или ласер-Како ќе изгледа првата петочна молитва во Аја Софија

Мозаиците во истанбулската „Аја Софија“ ќе бидат покриени со завеси или ласери за време на петочните молитви, објави портпаролот на турската владејачка партија „Право и развој“ (АКП), откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ја претвори во џамија.

Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители цело време, а влезот ќе биде бесплатен, рече Омар Челик. Сè уште не е јасно како ласерите ќе ги покриваат мозаиците.

Претседателот Ердоган ја прогласи истанбулската „Аја Софија“ отворена за молитви во петокот, откако судот донесе одлука дека претворањето на некогашната византиска црква во музеј во 1934 година е нелегално.

Одлуката предизвика критики и загриженост низ целиот свет, вклучително и Грција, САД и Русија, како и УНЕСКО и папата Фрањо кои рекоа дека ги „погодила“ таа одлука.

Извор: avaz.ba