Најмногубројната американска сојузна држава Калифорнија, која има околу 40 милиони жители, одново „се затвора“ поради значителното зголемување на бројот заразени со коронавирусот. Гувернерот Гевин Њусом вчера наложи затворање на сите барови, ресторани, сали, зоолошки градини, кина, музеи, со прекинување на сите активности во затворен простор. Во некои попогодени окрузи ќе се затворат и црквите и фризерските салони.
Построгите мерки ќе се применуваат следните три дена, објави на Tвитер кабинетот на калифорнискиот гувернер.
Калифорнија во неделата имала 8.358 новозаразени. Оваа држава беше првата во САД која во март прогласи карантин. По повторното отворање кон крајот на април, Калофорнија од неодамна бележи остар раст на заразените со коронавирусот. Вкупно досега во Калифорнија има околу 300.000 заразени и повеќе од 7.000 починати од короавирусот.


