Регистрирани 169 прекршоци за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/20 9:03 AM

Регистрирани 169 прекршоци за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие (13/14.07.2020 година) на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 169 прекршоци.

Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.