Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот е во постојан пораст во САД. Американскиот водечки епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека доколку не се почитуваат мерките бројките на нозозаразени ќе бидат поголеми од 100.00 дневно.
Каде има најголем ризик да се заразиш со коронавирусот?
Протестите во мај и јуни во Америка поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд извадија милиони луѓе на протести и демонстрации по улиците.
– Олеснувачка околност е што луѓето се надвор, но на протестите луѓето најчесто викаат и скандираат и ги тргаат маските за полесно да може да го направат тоа. Полицијата често користи солзавец и чадни бомби што кога ќе дојдат до вас најверојатно ќе сакате да ја тргнете маската да се искашлате. На тој начин ако сте заразени можете да го пренесете вирусот. Секако дополнителен ризик ствара тоа што при најголемите протести нема можност за физичка дистанца, вели претставник на Американското здружение за јавно здравје.
Со оглед на претстојните претседателски избори во Америка, митинзите масовно почнаа да се одржуваат дури и во време на пандемија.
– Ризикот од добивање инфекција е поголем во затворена просторија каде луѓето викаат, ракоплескаат и на тој начин се ствара можност побрзо се шири вирусот. Секако ризик претставува и климатизацијата и вентилацијата – со што воздухот се движи наоколу и доколку има некој кој е инфициран лесно може да се инфицираат и останатите присутни, особено доколку не носат маска, вели престставникот на здружението за јавно здравје.
Со доаѓањето на летото, празниците и прославите, голем дел од семејствата сакаат да јадат надвор особено откако се олабавија рестриктивните мерки.
Претставникот на Американското здружение за јавно здравје, вели дека единствената разлика од јадење во ресторан и одењето на митинг во затворен простор е бројот на луѓето кои се наоѓаат во просторијата.
– Колку повеќе луѓе има толку е поголем ризикот внатре да има некој кој е инфициран со вирусот. Треба да сте свесни дека одите во затворен простор и ќе треба да ја тргнете маската додека јадете. Исто така ќе бидете во контакт со повеќе површини. Луѓето најчесто се исплашени дека може да го добијат вирусот од површините што ги допираат, меѓутоа ова ваквиот ризик е многу мал, вели престставникот на здружението.
Единствена работа како што посочува тој, што може да се направи да се заштитиме е да се држи физичка дистанца и да се носи заштитна маска.


