Еден од најпознатите марки виски – Џони Вокер, наскоро ќе биде спакуван во ново картонско еколошки пакување.
Мултинационалната компанија за производство на пијалоци „Диагео“ го создаде првото картонско шише во светот за алкохолни пијалоци, кое е целосно без пластика.
Компанијата изјави дека има намера на почетокот на идната година на пазарот на една земја да го понуди ова пакување, а после тоа и ширум светот.
Шишето е направено од дрвена пулпа, е во согласност со меѓународните стандарди за храна и пијалоци и може целосно да се рециклира. Внатрешноста е заштитен со тенок филм од смола, кој е целосно разградлив. Чепот ќе биде изработен од алуминиум.
Иако повеќето од вискито на Џони Вокер се спакувани во стаклени шишиња, „Диагео“ рекле дека бараат начини да користат што е можно помалку пластика во своите пакувања, а покрај тоа, со правење стакло исто така се троши енергија и генерира емисија на јаглерод диоксид.
Виски: .rts.rs