Француската влада се согласи да ги зголеми платите на здравствените работници со буџет од околу осум милијарди евра, откако медицинскиот персонал беше на фронтот во борбата со коронавирусот.
Здравствените лица во Франција за време на пандемијата беа прогласувани за херои но тие сакаа повеќе од само благодарност па држеа протести за зголемување на платите и за повеќе финансиски средства за болниците.
Многумина од демонстрантите беа казнети за нарушување на правилата за социјна дистанца за време на протестите.
Францускиот премиер Жан Кастекс договорот за зголемување на платите го нарече „историски за здравствениот систем“.
Најголем дел од покачувањата ќе ги опфатат платите на медицинските сестри, негувателите и медицинската администрација. За докторите во јавносто здравство се предвидени околу 450 милиони евра.