Пронајдено хероин при посета во штипскиот затвор – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/18 7:24 PM

Пронајдено хероин при посета во штипскиот затвор

МВР соопшти дека во саботата, во 12.05 часот од командирот на смена во Казнено-поправната установа Затвор-Штип било пријавено дека при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, кои биле ставени во кутија од цигари. Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.