Сончево со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 29 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
И во следните времето ќе биде сончево со благ пораст на температурата, која утре, на изборниот ден се очекува да достигне до +32. В петок кон крајот на денот и в сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



