(фото) Сопругата на Претседателот Пендаровски дел од посебниот избирачки одбор – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 6:50 PM

(фото) Сопругата на Претседателот Пендаровски дел од посебниот избирачки одбор

На крајот од гласачкиот ден за болните од Ковид 19 и лицата во изолација, сопругата на Претседателот Стево Пендарвоски, Елизабета Ѓеорѓиевска го сподели своето искуство, како дел од посебниот изборачки одбор, кој го спроведе гласањето за овие лица.

-И во услови на пандемија, луѓето засегнати од неа треба да го остварат своето право на глас. Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионална должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот ИО за лица во самоизолација/болни од #COVID19, напиша Ѓеорѓиевска.

Ѓеорѓиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководи со Катедрата за детска и превентивна стоматологија. Во еден од 54-те посебни избирачки одбори е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.

За разлика од некои свои колеги, медицинари, нив над сто, Ѓеорѓиевска не побара изземање од посебните одбори и заедно со своите колеги, како што напиша, „ја исполни својата граѓанска должност“.