Нема веќе ограничувања за седење во угостителските објекти – Владата го измени протоколот – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 5:47 PM

Нема веќе ограничувања за седење во угостителските објекти – Владата го измени протоколот

Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.