Еден починат и 17 повредени, меѓу кои 11 мигранти во две сообраќајки кај Штип – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 3:46 PM

Еден починат и 17 повредени, меѓу кои 11 мигранти во две сообраќајки кај Штип

Цела вечер се слушаа сирените на амбулантните и полициските возила, кои некаде по 20 часот го поминуваа познатиот пат по штипската клисура. Две сообраќајќи ги ангажираа медицинските тимови, кои пренесуваа повредени лица до штипската Клиничка болница. Еден од патниците во втората сообраќајќа е пронајден починат на лице место. Според штипската полиција, во сообраќајната несреќа што се случи по 21.30 часот кај клучката за селото Љуботен, на лице место почина 42-годишниот Е.М. од Кочани. Тој бил сопатник во опел корсата, едно од трите возила, кое учествувале во сообраќајната несреќа, што се случила при претекнувње.

-На 12.07.2020 во 21.30 на магистралниот пат Радовиш Штип, во близина на клучка за село Љуботен, се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани, патничко возило „пежо 206“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од А.Т.(40) од Кочани. Во незгодата починал Е.М.(42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници  со телесни повреди, соопшти СВР Штип.

Во сообраќајната незгода што се случи неполн час порано, во Клиничката болница се донесени 13 лица, од кои 11 мигранти и две македонски државјанки.

-На 12.07.2020 на магистралниот пат Радовиш Штип на место викано „20 км“ се случила сообраќајна  незгода помеѓу  патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. управувано од возач кој го напуштил местото на настанот, товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки управуван о д С.Ј.(61) од с.Булачани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки управувано од Е.К.(50) од Штип. Во незгодата со повреди се здобиле 11 лица мигранти (10 од Пакистан и 1 од Авганистан), кои се превезувале во патничкото возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки , Е.К. и Т.К.(85) совозач во возилото мерцедес со бугарски национални ознаки кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип, стои во информацијата од штипската полиција.

Во Клиничката болница повредените се оденсени на Ортопедија и на Хируршкото одделение.

-Сите се прегледани од хирург и од ортопед, шест пациенти се заджани на Ортопедското одделение, седум на Хирургија. Денеска од Хрирушкото одделение се испишани шестте мигранти со полесни повредни, додека еден со потешки повреди е задржан на лекување. Од мигрантите кое беа хоспитализирани на Ортопедското одделение двајца се со потешки телесни повреди, двајца со телесни повреди се на опсервација. Од двете примени макеоднски државјанки, една е задржана на лекување, другата е пуштена на домашно лекување, информира Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница.

Од втората сообраќајка, синоќа беа примени четворица пациенти, од кои е задржан на лекување еден со потешки повреди.