Изминатото деноноќие во Србија се регистрирани 279 новозаболени со коронавирус и 12 смртни случаи.
Премиерката Ана Брнабиќ на прес-конференција оцени дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени и смета дека тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите каде има прогласено вонредна состојба.
Таа потенцираше дека ќе предложи задолжително носење маска во затворен простор на територијата на цела држава, без оглед дали во местото има вонредна состојба.
До сега во Србија со коронавирус се заразиле 18.639, а починале 405 лица.