Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Куманово на 13.07.2020, по претходно добиени сознанија дека во објект во с.Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, презеде мерки и активности, при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигранти (од кои два сторители од Пакистан, кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти).
Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.