Актерот преку социјалната мрежа Инстаграм објави дека неговата сопруга, актерката Кели Престон (57 ) ја загуби битката со ракот
„Со многу тешко срце Ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја загуби својата двегодишна битка со ракот на дојка. Таа храбро се бореше со толку многу љубов и поддршка“.
Актерката за цело време ја држеше во приватност својата дијагноза.
Според претставни на семејството, таа починала во неделата наутро,а веќе некое време била подложена на медицински тертман. Поддршката ја добивала од своето најблиско семејство и пријатели “.
Кели ќе остане запаметена по улогите во „Џери Мегвајер“ како свршеница на нејзиниот актерски партнер, Том Круз и со Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито во комедијата „Близнаци“, а и по улогите со сопругот, од кој последната беше во 2018 година.


