ОЈО: Притвор за насилникот од автокампот Градиште кој изврши насилство врз три деца – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 2:31 PM

ОЈО: Притвор за насилникот од автокампот Градиште кој изврши насилство врз три деца

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година  во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство  врз три лица.

Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.  Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, осомничениот го сторил кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена.​